Државниот секретар на САД, Мајк Помепо, денес изјави дека Соединетите американски држави ќе бидат повеќе дипломатски вклучени на Балканот. Тој спомена што е направено кога станува збор за надминување на несогласувањата на Белград и Приштина.
“Има уште многу да се направи. Тоа е процес, но направивме добар прв чекор. Ќе продолжиме да се ангажираме на сериозен начин”, изјави Помпео во Дубровник, одговарајќи на новинарско прашање за потпишувањето на економскиот договор во Вашингтон меѓу Србија и Косово и ситуацијата во регионот.
Тој додаде дека Соединетите држави ќе продолжат да се ангажираат на Балканот, се вели во соопштението на Стејт департментот од прес-конференцијата што ја одржа Помпео во Дубровник по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.