Сампдорија ја забележа својата прва победа во новата фудбалска сезона од италјанската Серија А, дури во 3. коло во пресметката со Фиорентина (2:1). Тимот на Карло Раниери во воедниот меч од третата калчолигашка рунда се радуваше на победи на „Артемио Франки“.
Сампдорија поведе во 42. минута со гол од пенал на ветеранот Фабио Кваљарела, но Душан Влаховиќ во 76. минута успеа да израмни. Во 76. минута на гостите им беше поништен голот на Торсби поради играње со рака, за во 82. минута конечно да ги обезбедат трите поени со голот на Валерио Вере со прекрасен гол во два потези по асистенцијата на голманот Аудеро.
За Фиорентина, клубот со големи амбиции оваа сезона, ова е втор пораз во една недела, откако загубија од Интер со 4:3 иако водеа до 87. минута од мечот.