Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
Четири години СДСМ нема направено ништо за градење на гасоводна мрежа во Република Македонија. СДСМ не успеа да ја направи ниту примарната која до сега требаше да биде завршена и да почне со изградба секундарната и терцијарната гасоводна мрежа.
Македонија 4 години каска и заостанува во регионот и светот. Единствен проект кој што СДСМ го направи за енергетиката во изминатите години е поскапувањето на струјата за сега граѓаните да ја плаќаат најскапата струја во регионот и пошироко.
Струјата и енергенсите никогаш не биле поскапи од денес. Тоа е вина на СДСМ и Зоран Заев кои за да полнат џеб го оставаат и народот без леб.



