Во интервју за магазинот „Капитал”, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи најави создавање на платформа #ЗаТатковинатаСоЉубов која ќе има за цел да ги спои врвните домашни експерти во функција на долгорочен економски развој на Северна Македонија.
Покана да се приклучат во #ЗаТатковинатаСоЉубов, ќе добијат најеминентните економски експерти од сите политички партии, но и оние што не се членови на ниту една политичка опција. Вратата ќе биде отворена за сите кои искрено сакаат да придонесат во креирањето на една нова инклузивна платформа што има единствена мисија – севкупен општествен развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија. – вели Битиќи.
#ЗаТатковинатаСоЉубов во својата иницијална фаза е замислена како тело кое ќе ги обединува водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање и др. и ќе претставува своевиден тинк-тенк на државата за сите прашања поврзани со стратешкиот развој на домашната економија.