Ахмети за „Попис“: Се што требаше кажав пред обвинителката Фетаи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера не бегал од новинари по распитот во ОЈО за случајот „Попис“, туку состаноците му започнале уште од 10 часот, кога му беше закажано да дојде пред обвинителката Фатиме Фетаи и да каже што знае за пропаднатиот попис во 2011 година. Ахмети вчера беше искритикуван во јавноста затоа што наместо во договорениот термин во 10 часот исказот го даде два часа порано.

-Мојата агенда беше исполнета со состаноци и затоа мојот исказ во Јавното обвитнелтвото го дадов порано од договореното – рече Ахмети ден по распитот.

Лидерот на ДУИ рече дека пред обвинителакта Фетаи кажал дека пописот во 2011-тата, за што се однесува овој случај, бил одложен за да не се создадат проблеми во државата.

– Како што сите сте информирани се работи за случајот за пописот. Јас сум го дал својот исказ пред правните органи во тоа време беше многу вклучувајќи тензични ситуации меѓу етникумите и се направи работа меѓу пратениците со најдобра цел да се одложи пописот за да не се створат проблеми во државата зошто многу луѓе сакаа во тој период нашата држава да се дестабиизира што значи деак соранието и сите пратеници сакале да се менаџира стиацуиката и сите заеднички и јас како 120ти пратеник сме одлучиле да се одложжи имајќи ја во предвид ситуациујата во коај биа нашата држава во тоа време, изјави Ахмети.

Алхмети во Попис е осомничен дека заедно со Груевски ја злоупотребиле службената положба и како коалициски партнери се договориле да го прекинат пописот.

Според обвинителството, тие пристапиле кон спроведување на пребројувањето на населението, но откако виделе дека немаат капацитет да ги сокријат демографските факти за земјата, тие, со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа, а со тоа го оштетиле буџетот за 2,8 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави