Во очекување македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме да ги соопшти кандидатите за составот на селекцијата за октомвриските предизвици од Лигата на нации, најпрво од минатосезонското разигрување со Косово, кое може да ги донесе „црвено-жолтите“ на само еден чекор од историски пласман на завршницата од ЕП-2020 кое ќе се игра идната година, стаса првата непријатна вест дека талентираниот Елиф Елмас од редовите на Наполи ќе го пропушти мечот. Калчолигашот од Неапол најпрво објави дека никој во своите редови не е позитивен на коронавирус, но останаа да се чекаат уште 4 резултати од направените тестови.
За жал, еден од нив бил на Елмас, кој е позитивен на Ковид-19 и ќе го пропушти историскиот меч со Косово в четврток в Скопје.