Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 34.958,183 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.034,991пациенти, а оздравеле 25.986,412 луѓе.

– Во последните 24 часа, 244 нови случаи на коронавирус се потврдени во Црна Гора, а две лица починаа, објави Институтот за јавно здравје. Од последниот пресек, тестирани се 838 примероци. Во моментов има 3.957 активни случаи, пренесува Вијести. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 167, а од почетокот на годината 174.

Во Бугарија се потврдени 240  нови случаи на коронавирус, со направени 4 820 ПЦР тестови. Речиси пет проценти од примероците биле позитивни. Шест лица заболени од оваа болест починаа во последните 24 часа.

– Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани вкупно 263 новозаразени лица. Од тој број, 181 се наоѓаат во Федерацијата БиХ, а 82 во Република Српска. Во БиХ, 290 пациенти се опоравија од коронавирусот. Во изминатите 24 часа беа тестирани 1.193 примероци во Федерацијата БиХ, од кои 181 беа позитивни за САРС-CoV-2. Досега се тестирани вкупно 161.621 примерок, а коронавирус е потврден кај 18.371 лице. Во моментов има 3.203 активни случаи на коронавирус.

– Во последните 24 часа, во Хрватска се потврдени 241 нов случај на коронавирус, а бројот на активни случаи на инфекција е 1.447. Според Штабот за цивилна заштита, 289 пациенти се во болница, од кои 23 се на апарати за дишење. Уште две лица починаа. Вкупно 17.401 случај на инфекција со коронавирус е потврден во Хрватска од почетокот на пандемијата, а 293 лица починале. Вкупно закрепнале 15.661 лице, од кои 238 во последните 24 часа. Досега се тестирани вкупно 321.551 лице, од кои 4.352 во последните 24 часа.

– Во Словенија, потврдени се уште 227 случаи на коронавирус од 2.893 тестирани примероци.
Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата е 6.330 случаи. Уште едно лице почина како резултат на вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 155, пренесува агенцијата СТА податоци од словенечката влада.

– Бројот на лица заразени со коронавирусот во Германија е зголемен за 2.563, додека 19 пациенти починале како резултат на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, Германија потврди 296.958 случаи на  коронавирус и  9.527 смртни случаи.

– Во последните 24 часа е забележан нов рекорден број на нови инфекции во Австрија-  1.058, што е втора најголема бројка од почетокот на епидемијата на коронавирус во таа земја. Имено, само на 26 март, кога беа преземени најригорозните мерки, беа регистрирани седум заразени лица повеќе отколку денеска. Досега се тестирани 15.450 граѓани. Бројот на починати се зголеми за уште шест, достигнувајќи 809. Во моментов во Австрија има 8.578 активни пациенти, од кои 494 се хоспитализирани, што е за 25 повеќе од претходниот ден. Има 97 пациенти на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 47.578 лица биле позитивни на вирусот.

– Во Косово во последните 24 часа починаа тројца заразени од Ковид-19, така што билансот на жртви на епидемијата сега изнесува 630. Вчера се регистрирани и 53 новозаразени, со што бројката на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на епидемијата сега изнесува 15.758. Од нив, вклучително вчерашните 56 излекувани, болеста досега ја совладале 13.787 лица. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.341 лице. Вчера се извршени 544, а од почетокот на пандемијата 69.652 тестирања со методот РТ-ПЦР.

– Во Бразил вчера беа регистрирани 33.431 нов случај и над 700 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 4.808.523 лица се разболеа, а 145.388 починаа во Бразил, земја која е на трето место во светот по бројот на заразени и втора по бројот на жртви.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 267 нови случаи на Ковид-19 и уште седум починати лица.
Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 19.613, а починаа 405 лица.

-Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 22 нови случаи на Ковид-19 од 3.477 направени тестови.
Од почетокот на епидемијата заразено е 1.811 лице.

Треба да знаете
Последни објави