ВМРО ДПМНЕ протестира против неправдите

Во Скопје вечерва се одржува нов протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под мотото „против неправдите, реваншизмиот и политичкото насилство“.

Членовите и симпатизери на партијата предводени од лидерот Христијан Мицкоски се собраа во центарот на градот, а во првите редови носеа транспарент „Доле мафија, правда сега“.

Насобраните од Министерството за правда се упатија кон Јавното обвинителство, каде се очекува и обраќање на лидерот на партијата.

Треба да знаете
Последни објави