Напаѓачот Единсон Кавани утре ќе одпатува за Англија за да потпише договор со тамошниот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, објавија медиумите на Островот. Договорот со 33-годишниот Уругваец ќе биде со важност до јуни 2022 година.
Утре Кавани ќе биде подложен на медицински преглед во Манчестер. Напаѓачот се очекува да игра со ПСЖ, неговиот поранешен клуб, во Лигата на шампионите на 20 октомври.
Минатата сезона Кавани одигра 22 натпревари за „светците“ и постигна седум гола.
Порталот „transfermarkt.de” го проценува фудбалерот на 20 милиони евра.