Откако беше хоспитализиран во воената болница Валтер Рид поради инфекција со коронавирус, американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер испрати порака дека е добро. “Минува добро, мислам. Ви благодарам на сите. Ве сакам”, објави Трамп.
За него во болницата во Мериленд ќе се грижат 7.000 членови на медицинскиот персонал, вклучително и некои од најценетите лекари во САД, пишува Дејли меил.
Трамп престојува во претседателскиот апартман, луксузно опремено одделение во една од 88-те згради на престижниот медицински центар. На одделот 71, Претседателскиот апартман е една од шесте соби резервирани за високи претставници на американската армија и Белата куќа.
Апартманот е специјално опремен со безбедносни уреди и опрема за комуникација, изјави адмиралот Кони Маријано, која беше лична лекарка на претседателите Џорџ В. Буш и Бил Клинтон.
Во рамките на медицинскиот центар Валтер Рид е и Институтот за истражување Сребрена пролет, каде што научниците работат на развој на вакцини и лекување на заразни болести како што е ковид-19.
Претседателското крило располага со трпезарија со кристален лустер, работна маса само неколку чекори од болничкиот кревет и простории опремени со софи дизајнирани да примаат посетители. Кујната и конференциската сала се на располагање на претседателот. Покрај тоа, апартманот е опремен со најсовремена технологија, така што американскиот претседател може слободно да ги извршува претседателските должности.
Фотографиите од 2007 година ја покажуваат внатрешноста на претседателскиот апартман, а не е познато дали просторот е реновиран во меѓувреме.
Ова е прв пат во последните 39 години актуелниот претседател на САД да биде хоспитализиран во медицински центар во Мериленд. Роналд Реган последен пат беше лекуван во Валтер Рид, откако беше тешко ранет во обидот за атентат врз него на 30 март 1981 година.