Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус не сака да биде одложен утрешниот натпревар против Наполи. „Старата дама“ вечерва испрати информација дека Јувентус ќе истрча на теренот во закажаниот термин 20:45 часот, кога треба да почне мечот.
Откако Наполи не доби дозвола да отпатува за Торино и се упатува на тоа дека натпреварот против Јувентус ќе биде одложен, се огласи шампионот на Италија со кратко соопштение:
-Јувентус сака да извести дека првиот тим ќе истрча на терен за утрешниот дуел со Наполи во терминот утврден од Серија А – се вели во соопштението.
Се верува дека „старата дама“ на овој начин сака да изврши притисок Наполи да се појави, или доколку не се појави, домаќините да слават со службени 3-0.
Наполи пак смета дека протоколот на здравствените власти е над спортските протоколи. Тие имаат забрана за патување од локалните здравствени власти со цел да се спреши ширење на заразата.