Уште една забава во „затворениот” Мош, продолжуваат и свадбите

Полицајците, како што пишува 360 степени, синоќа влегле во „Мош“ и им посочиле на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот, односно да постапат согласно со протоколите и да обезбедат дистанца. Но кога инспектрите заминале од локалот, сопствениците повторно ги вратиле масите.

Дел од медиумите синоќа јавија дека локалот работи и тоа со многу гости и гласна музика, како и дека повторно настапува Владо Георгиев. Поради тоа, сега е поднесена и кривична пријава за загрозување на јавното здравје, а сопственикот е казнет со 4.000 евра.

Директоротна Државниот инспекторат, Стојко Пауновски, изјавил за „360 степени“ дека следната недела кафе-барот ќе биде затворен 10 дена. Според него, има десетици локали кои постојано ги прекршуваат протоколите. Така вчера инспекторите налетале на седум свадби во угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струга, каде што во еден локал на два ката, во исто време се одржувале две свадби, со по 200 гости…

Преземено од МКД

Треба да знаете
Последни објави