ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ ССМ И ОРМ ЗА ДА НЕ СЕ ИСПЛАТИ К-15 НЕМА!
Ставот на ССМ е јасен, К-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори.
Истовремено, потсетуваме дека ист став по ова прашање како ССМ има и Владата.
Исплатата на регресот за годишен одмор е право на работниците, а обврска на работодавачите воспоставено по пат на социјален дијалог утврдена во Колективен договор!
Ќе се погрижиме оние кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ кривично да одговараат, истакнува Дарко Димовски, претседател на ССМ