Етиопскиот тркач Тола Шура Китата триумфираше на маратонот во Лондон. Тој патеката ја истрча со време 2:05.41 часа.
Минатогодишниот победник, Кениецот Елиуд Кипчоге заврши на осмото место.
Пласман на првите пет на престижниот маратон во Лондон:
1. Тола Шура Китата (Етиопија) – 2:05.41 часа
2. Винсент Кипчумба (Кенија) – 2:05.42
3. Сисеј Лема (Етиопија) – 2:05,45
4. Мосинет Горемеу (Етиопија) – 2:06.04
5. Муле Вашхун (Етиопија) – 2:06.08.
Кенијката Бригид Косгеи ја одбрани титулата во женска конкуренција.