Во Република Србија, до 15 часот денеска регистрирани се вкупно 33.901 потврдени случаи на ковид 19.
Во последните 24 часа тестирани се примероци од 2.677 лица, од кои 59 се позитивни. Едно лице почина во последното деноноќие.
Вкупно 1.154.457 лица кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот беа тестирани за коронавирус до 15 часот во Република Србија.
Во моментов во болниците во Србија има 19 пациенти на апарати за дишење.
Вкупниот број на смртни случаи е 754.