Претходните шеф на дипломатијата Никола Попоски и технички премиер Емил Димитриев не се меѓу оние поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се „слуги на мафијата“, оценува лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во неделното интевју за Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашање за превирањата во партијатапо поразот на парламентарните избори.
По посочувањето на Попоски и на Димитриев како дел од поранешните партиски функционери кои бараат промени во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ставовите на овие двајца кажуват нешто друго од она што се обиделе да го пренесат дел од медиумите.
-Не реков мафија, туку слуги на мафијата. За овие двајца не би рекол дека се во таа категорија. Нивните обраќања, посебно на Димитриев, кажуваат нешто сосема друго од на што се обидоа да го дефокусираат одредени новинарски производи. Сосема друг позиции од оние кои му служат на Зоран Заев“, вели Мицкоски.