Шефилд јунајтед го постигна првиот гол оваа сезона, но тој не му беше доволен да избегне пораз од гостувањето кај Арсенал, топчиите победија со 2-1.
Натпреварот беше мирен, речиси и да немаше шанса до постигнување на голот кој се случи во 61. минута кога по асистенција од Белерин, Сака погоди со глава за водство на Арсенал од 1-0.
Само три минути подоцна Пепе постигна гол и му донесе предност на Арсенал од 2-0, веќе беше јасно кој ќе биде победник. До крајот на мечот, Шефилд јунајтед преку Мекголдрик успеа само да намали на 2-1.
Во истиот термин се одигра и мечот меѓу Вулвс и Фулам кој го добија домаќините со 1-0. Погодокот го постигна Нето во 56. минута.