Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, вчера во храмот Свети Никола во Штип ја предводеше церемонијата при стапување во црковен брак на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со својата сопруга Маринела Серафимова.
„Вчерашниот ден за нас беше посебен со многу желби за среќа, убави и исполнети моменти во иднина. Беше огромна честа црковното венчавање да го предводи неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со Митрополитите г. Иларион и г. Јаков во храмот Свети Никола во Штип.
Ќе биде наше огромно задоволство заедно со пријателите во септември да прославиме и да ги споделиме убавите моменти“, објави Бочварски.
Со тоа министерот ја најави својата свадба наесен.