Боксерот на Шкупи и член на македонската репрезентација, Ардијан Аземи е победник на Меѓународниот турнир „Лах Нимани” во Приштина.
-На еднодневниот турнир со скратена програма, настапија боксери од три земји, домаќинот Косово, Македонија и Албанија. Ардијан Аземи победи во категоријата 91 килограм, соопшти Боксерската федерација на Македонија.
Боксерот на Шкупи и кандидат на репрезентацијата за настап на ЕП во Будва во ноември, со прекин го победи Клодиан Дода од Албанија.