Делегација на Асоцијацијата на поранешни членови на Европскиот парламент е во дводневна виртуелна студиска посета на Република Северна Македонија со цел промоција на конструктивен дијалог и поддршка на парламентарната демократија.
Поранешниот претседател на ЕП и претседател на Асоцијацијата Ханс Герт Потеринг, ја предводи делегацијата која вчера и денеска, како што е најавено, има онлајн средби со високи владини и собраниски претставници, како и со претставници на граѓанскиот сектор и универзитетски студенти.
Поранешните членови на Европскиот парламент, како што е најавено, ќе имаат онлајн средби со претседателот Стево Пендаровски, собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Делегацијата е составена од 15 поранешните членови на Европскиот парламент од Германија, Италија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Грција и Словенија.