Од денеска, до средината на месецов, постепено, ќе започнат предавањата на сите универзитети во Грција, а ќе бидат комбинирани, со физичко присуство или онлајн во зависност од бројот на студентите. Според протоколите, маската е задолжителна, како за студентите, така и за професорите во сите простории на факултетите.
Доколку групата е до 50 студенти, тогаш предавањата, семинарите и слично ќе бидат со физичко присуство, а во случај да се над 50 тогаш ќе се одвиваат онлајн.
Заменик-министерот за образование на Грција надлежен за високото образование Василис Дигалакис, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека и во однос на Универзитетите треба сите да се прилагодат на новата реалност и да се прилагодат на новите, но неопходни услови.