Репрезентацијата на Аргентина го објави составот за претстојните квалификации за СП 2022 година.
На 8 октомври Аргентинците гостуваат во Еквадор, а на 13 октомври играат на гости со Боливија.
Во тимот на „гаучосите” повикан е и капитенот на Барселона, Лионел Меси.
Да потсетиме, Меси беше суспендиран од меѓународни натпревари на три месеци затоа што го критикуваше КОНМЕБОЛ по натпреварот против Чиле за 3. место во Купот на Америка-2019 и оттогаш не влезе на теренот во репрезентативниот дрес.