Дербито на 3. коло во италјанската фудбалска Серија „А“ помеѓу Јувентус и Наполи синоќа не се одигра, бидејќи на гостите од Неапол не им беше дозволено од локалните здравствени власти поради пандемијата со коронавирусот да патуваат за Торино. Но, од Серија „А“ истакнаа дека сите услови пропишани со протоколите се исполнети и дека мечот мора да се одигра.
Фудбалерите на Јувентус се појавија на теренот на „Алијанц“, а беше објавен и составот. Јувентус дури и ги повикал своите навивачите со сезонски влезници, па на стадионот се собрале точно 1.000 гледачи колку што дозволуваат властите во Италија. Сега „старата дама“ чека да го добие мечот со службен резултат.
Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис побара од Јувентус да се одложи мечот, но не шампионот не им излезе во пресрет. Навивачите на Наполи од ваквиот потег на „старата дама“ го искажаа своето незадоволството со истакнување на транспарент на својот стадион на кој пишуваше: „Вистинскиот вирус е Јувентус. Дезинфекција на Торино“.