Вложуваме во инфраструктурата, реконструкција на булевар 11 октомври во општина Центар

Успешната соработка на локалната и градската власт предводени од СДСМ и Коалицијата е само показател дека со заеднички инвестиции во современата инфраструктура и посветена работа, Општина Центар и Градот Скопје можат да бидат сигурно и безбедно место за живеење.

Започнавме со целосна реконструкција на улицата „11 Октомври”, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег од крстосница со булеварот „Кочо Рацин” до крстосница со улицата „Стив Наумов”. Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено и булеварското зеленило и ќе бидат заменети постојните рабници.

Вредноста на овој проект изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена.

Продолжуваме и понатаму со забрзана динамика да преземаме активности и иницијативи за добро уреден, ефикасен и безбеден сообраќај во Општина Центар.

Треба да знаете
Последни објави