Може ли Ролан Гарос да биде прекинат ако Зверев е позитивен на тестот за коронавирусот

Нов скандал во „режија“ на Александар Зверев му се заканува на тенискиот гренд-слем турнир  Ролан Гарос во Париз. Се шпекулира дека Зверев бил заразен со коронавирусот, но сепак го одиграл мечот против Јаник Синер, па се поставува прашањето доколку денешниот негов нов тест биде позитивен дали е на повидок прекин на турнирот кој почна со проблеми.

Најпрво организаторите решија да го одржат турнирот и покрај пандемијата од коронавирусот со тоа што го пролонгираа терминот за организација. Потоа на неколкумина тенисери не им беше дозволено да настапат, бидејќи луѓе од нивите тимови биле позитивни на вирусот, а тестовите на тенисерите биле негативни. Последниот во низата потреси беше пред неколку дена кога полицијата отвори истрага за наводно наместен меч во женски дубл !

Сега медиумите се прашуваат дали Ролан Гарос ќе продолжи!? Германецот испадна од турнирот по мечот со Синер кој го загуби со 1:3 по три часа игра. По мечот Зверев признал дека имал покачена температура и дека тешко дишел. Ова негово признание ги поттикна шпекулациите дека вирусот „влегол“ на Ролан Гарос.

-Болен сум, не можам да дишам, се забележува и по мојот глас. Не требаше да играм, изјавил Зверев.

Тестот што го направил Германецот во петокот бил негативен. Денеска треба повторно да биде тестиран.

Треба да знаете
Последни објави