Во Србија 51 новозаболен од коронавирус, двајца починати

Во последните 24 часа во Србија 5.349 лица се тестирани на коронавирус, од нив 51 биле позитивни, додека починале две лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во здравствените установи низ Србија има 20 пациенти на апарати за дишење.

Досега починале вкупно 756 лица.

Досега се потврдени вкупно 33.982 позитивни случаи, а тестирани се 1.159.806.

Треба да знаете
Последни објави