Близок соработник на австрискиот канцелар Себастијан Курц е позитивен на коронавирусот, објавија австриските медиуми.
Поради ова Курц и вицеканцеларот Вернер Коглер, како и други функциуонери од австриската влада, биле тестирани за Ковид-19 и чекаат резултати од тестовите.
Во меѓувреме, Курц и Коглер ги откажале сите состаноци и активности.
Курц за „Кроне.ат“ потврдил дека последен пат бил во контакт со заразениот соработник минатата среда.