Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Танги Ндомбеле, откри дека имале различни ставови со тренерот Жозе Мурињо минатата сезона, но сега нивната врска е добра. Французинот стана најскапата аквизиција на тимот на минатото лето, кога беше земен од Маурисио Почетино за 55 милиони фунти.
Ндомбеле имаше тешкотии да ја најде својата најдобра форма во првите месеци во клубот, а од доаѓањето на Мурињо, играчот за врска едвај се наоѓа во составот на Тотенхем. 23-годишникот започна само на 12 натпревари во Премиер лигата минатата година и одигра само 64 минути по рестартирањето на шампионатот по пандемијата на коронавирус. Францускиот играч за врска се поврзуваше со напуштање на Тотенхем летоска, откако Мурињо јавно се пожали на проблеми со неговата физичка состојба.
Ндомбеле потврди дека имало спор меѓу него и португалскиот тренер, но додаде дека двајцата во моментов работат заедно за доброто на клубот.
– Тренерот и јас имавме разлики во ставовите минатата сезона. Но, од тогаш се обидовме да го оставиме нашето его настрана и да се фокусираме на доброто на клубот. Досега работите одат одлично и ќе се обидеме да продолжиме на тој начин, изјави Ндомбеле за „Сан”