Интегрален текст од изјава на Орце Ѓорѓиевски
„Во интерес на вистината денес како советничка група ја свикавме оваа прес конференција. Денес како Совет имавме продолжение на 43та седница на советот откако претходно наше барање и наше напуштање на советот минатата седница 43та беше прекината бидејќи мнозинството од страна на СДСМ не сакаше да одобри изгласување на предлог точка од наша страна, а тоа е повлекување на постапката за ДУП-от за предлог постапката за ДУП-от за Расадник и условување на градоначалникот односно задолжување од нас како советници за градоначалникот да отпочне нова постапка, предлог постапка за донесување на нов ДУП во Расадник каде што во таа постапка јавно и транспарентно ќе се вклучат сите општествени чинители, ќе се вклучиме ние како советници, ќе се вклучат останатите советници од СДСМ од нивните редови но пред се ќе се вклучат и граѓаните во Расадник.
-Ние како советничка група секогаш сме во дослух со граѓаните, како советничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија и секогаш работиме исклучиво во интерес на граѓаните на општина Кисела Вода. Ние не сме како што беше наративот на градоначалникот како што беше во врска со прекинувањето на минатата седница, ние никогаш не сме биле против интересот на нашите сограѓани овде. Напротив ние работиме во насока да ги заштитиме нивните интереси. Огромна група на граѓани од Расадник кој што знаат со каков проблем би се соочиле. Би се соочиле со нови 30.000 жители таму, би се соочиле со една бетонизација на таа површина во Расадник, би се соочиле со на 5.000 нови возила во таа површина се со цел некои поединци да профитираат од сето тоа. Дојдоа , пристапија кон нас и ние во таа насока побаравме од страна на градоначалникот да запре оваа постапка и да отпочнеме нова постапка со која што би ги слушнале граѓаните и секако не би дозволиле бетонизација на населба Расадник.
Денеска ние како советничка група повторно побаравме да ни се овозможи и тајно гласање по однос на оваа точка, градоначалникот бидејќи знае дека во услови на тајно гласање нема да може да ги притиска советниците од нивните редови бидејќи изминатиот од неколку дена имаше и такви од нивната страна советници кои што пријдоа и до мена како координатор на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ но и до останатите советници и тврдат дека не се согласуваат со сето ова лудило кое што го планира Темелковски на тој простор во Расадник, побаравме тајно да се гласа. Филип Темелковски соочен со дека можеби, можеби а јас сум убеден дека ќе имаше претставници од нивните редови кои што ќе гласаа против тоа да помине оваа точка за Расадник не дозволи тајно гласање. Што значи на нас како советничка група елементарното право, правото на глас денеска ни беше оневозможено.
За да нема забуна во јавноста јас ќе повторам и ќе потенцирам дека ние не сме против градинки во Кисела Вода кои што не се градат изминатиов период од три години, ние не сме против нови атмосферски и фекални канализации кои што исто така не се градат изминативе три години, ние не сме против интересите на нашите сограѓани, ние сме против градежната мафија која што сака околу сто нови згради да донесе на површината слободна во населба Расадник.
Мораме да работиме во интерес на граѓаните и токму заради таа причина, а дополнително и со тоа што нас ни беше оневозможено основното човеково право правото на глас денеска да го оствариме како советници избрани од над шеснаесет илјади жители овде во Кисела Вода ја напуштивме и денешната седница. Советот продолжи да функционира насилно со тоа што се повикуваат на некоја си одлука од страна на министерството, не одлука тоа е укажување од страна на министерството за локална самоуправа каде што дванаесеттиот не избран сеуште советник од нивна страна односно советник без верификуван мандат има право да присуствува, да прави кворум но нема право да одлучува на седница на совет ние таа одлука нивна и ова грубо кршење на човековите права на сите граѓани овде во Кисела Вода од нивна страна ќе го оспориме и до Уставниот суд. Нема да запреме овде и нема да се повлечеме се додека не се задоволат потребите на граѓаните во населба Расадник и во цела општина Кисела Вода.