Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава изнесува 2 626, а на хоспитализзирани пациенти 366. Вкупно дијагностицирани се 18 873, а бројката на оздравени пациенти е 15 487, покажуават податоците што ги објави попладнево Министерството за здравство.
Според извештајот на Министерството, во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, и тоа во Скопје – 34, Куманово – 3, Штип – 6, Тетово – 5, Струга – 3, Велес – 3, Охрид – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 5, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 9, Берово – 1, Валандово – 5, Виница – 1, Делчево – 4.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 146 оздравени пациенти, и тоа од Скопје – 52, Куманово – 14, Штип – 7, Прилеп – 5, Тетово – 4, Струга – 2, Велес – 3, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 6, Гостивар – 7, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 3, Радовиш – 2, Кочани – 12, Македонски Брод – 1, Виница – 1, Делчево – 4, Свети Николе – 5, Кичево – 4.
Во болнички услови починати се четири лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7420, активни 945
• Куманово 1802, активни 170
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1286, активни 61
• Прилеп 722, активни 142
• Тетово 1492, активни 161
• Струга 688, активни 44
• Велес 341, активни 32
• Битола 331, активни 73
• Охрид 438, активни 32
• Кавадарци 252, активни 41
• Гостивар 947, активни 77
• Гевгелија 140, активни 45 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 303, активни 179
• Крива Паланка 125, активни 36
• Радовиш 102, активни 36
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 426, активни 180
• Пробиштип 117, активни 19
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 4
• Пехчево 46, активни 4
• Берово 127, активни 49
• Валандово 51, активни 36
• Виница 125, активни 35
• Делчево 173, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 373, активни 54
• Кичево 334, активни 31
• Ресен 166, активни 8
• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 60
• Гази Баба – 105
• Аеродром – 165
• Карпош – 136
• Центар – 157
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 70
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 15
• Арачиново – 5
• Илинден – 34
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен-3
Направените 539 теста се преку: ИЈЗ-218, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-42, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Систина со PCR метода -131, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-14, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамки на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 82. На кислородна поддршка се 40, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.