Утрово на мостот „Око“, пред секоја фигура која се однесува на личности од античкиот период на Македонија, поставени се метални табли на кои е нагласено дека дадената личност „припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и светското културно и историско наследство“, објави
„Денешен“.
Меѓу фигурите кои добија вакво објаснување, а кое е пропишано со Преспанскиот договор со Грција, се и оние на Персеј (последниот цар на античка Македонија), Филип V (кој владеел од 221 до 179 година п.н.е. и ги предводел Првата и Втората македонска војна против Рим), како и Аминта
III (крал на Македонија од 393/389 до 369 година п.н.е., татко на Филип II и дедо на Александар Македонски).