Компанијата „Џонсон и Џонсон” ќе плати обештетување во висина од 100 милиони долари по тужби на незадоволни потрошувачи дека бебешката пудра на таа компанија наводно предизвикувала рак, јави денеска Блумберг.
Агенцијата се повикува на извори запознати со договорите за обештетување.
Компанијата е соочена со 19.000 тужби од потрошувачи и роднини на преживеани со тврдење дека нејзините производи со пудра предизвикувале рак поради тоа што содржеле азбест, канцерогена материја.
Компанијата, произведува лекови и средства за хигиена, тврди дека нивната пудра е безбедна за употреба, не содржи азбест и не предизвикува рак.
-Во некои околности ние посегаме по разрешување на тужбите без признавање на одговорноста и тоа во никој случај не го менува нашиот став во однос на безбедната употреба на нашите прозиводи, изјави компанијата.
„Џонсон и Џонсон” во мај соопштија дека ќе престанат да ги продаваат своите производи со бебешка пудра во САД и Канада по намалената потрошувачка откако во земјите се создала „лажна информација” за безбедноста на производот, а наспроти низа правни предизвици.
Агенцијата Ројтерс во 2018 година спроведе новинарско истражување од кое се дознава дека компанијата знаела со децении дека во пудрата што ја произведува има мало количество азбест. Оттогаш компанијата е под зголемена лупа на јавноста.