Му стигнале пари од социјална помош, државата присилно му ги земала за неплатен долг за радиодифузна такса. Велешанецот Паун Благојевиќ (61) го пречекал вистиски шок утрово, кога во банка отишол да си ги извади парите, објави ТВ24.
Тој дознал дека во петокот државата му исплатила социјална помош за три месеци, откако и тој и сопругата подолго време се без работа.
Но, кога пробал да ги извади, видел дека присилно му се наплатени 3600 денари долг кон МРТВ. Згора на се, банката му наплатила уште 2400 денари за блокирање и одблокирање на сметката.