Ендрју Куомо, гувернер на Њујорк, не дозволи затворање на рестораните и други неосновни бизниси во девет жаришта на коронавирусот, спречувајќи го планот објавен од градоначалникот на Њујрок, Бил де Бласио, кој вчера побара построги епидемиолошки мерки.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се работи за девет жаришта во Квинс и Бруклин, каде стапката на позитивно тестирани е над три отсто во тек на седум последователни денови.
Со оваа најава, Куомо создаде конфузија за тоа каков ќе биде одговорот на властите на Њуојрк на вториот бран епидемија. Мегаполисот пролетта беше епицентар на епидемијата во САД.
Куомо, сепак, ги забрза плановите за затворање на училиштата во овие реони, и тоа ќе се случи од утре. Тој укажа дека државата е задолжена да се почитуваат правилата за носење маски и социјална дистанца во жариштата, ставајќи ја државната полиција да раководи со ова, наместо градската.