Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека ќе ја напушти болницата „Волтер рид” околу 18.30 по локално време.
-Ќе го напуштам одличниот медицински центар „Волтер Рид” денеска во 18:30 часот. Се чувствувам навистина добро! Не плашете се од Ковид. Не дозволувајте тоа да доминира во вашиот живот. Под администрацијата на Трамп, развивме неколку навистина одлични лекови и знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години!, објави американскиот претседател на Твитер.
Лекарот на Трамп треба да обезбеди проверка на состојбата на претседателот во 15 часот, соопшти Белата куќа, додека пак оптимистот Трамп им велел на соработниците дека е очаен да го напушти Националниот воено-медицински центар Валтер Рид.
Сепак, иако се чини дека здравствената состојба на Трамп се подобрува, ситуацијата во неговата администрација тешко се стабилизира.
I will be leaving the great Walter Reed Medical Center today at 6:30 P.M. Feeling really good! Don’t be afraid of Covid. Don’t let it dominate your life. We have developed, under the Trump Administration, some really great drugs & knowledge. I feel better than I did 20 years ago!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 5, 2020