Во вечерашното издание на дебатната емисија “24 анализа” на ТВ 24 гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој заедно со министерот Бектеши и Азири од Алијанса за Албанците зборуваше за ребалансот на буџетот, како и штетните политики кои владата под палка на СДСМ ги донесува изминатите речиси четири години.
Во однос на “викенд без ДДВ” Арсовски потенцираше дека мерката е крајно популистичка и нереална, но згора на тоа е задоцената мерка, поради тоа што Владата вети четири викенди без ДДВ, а не еден. Исто така, тие четири викенди требаше да се случат во септември, а не сега во октомври, вели Арсовски.
“Граѓаните ги бараа викендите без ДДВ затоа што Владата им ги вети многу одамна и токму поради тој притисок, сега Владата попушти и реши да има само еден викенд без ДДВ во октомври. Тоа не претставува никакво олеснување за граѓаните, затоа што граѓаните во оваа криза не добија никаква помош од државата и немаат пари да трошат, а камо ли да очекуваат поврат на ДДВ”, додаде Арсовски.
Владата дрско манипулира со проектите и мерките кои ги споделува низ јавноста, а граѓаните истовремено не можат да врзат крај со крај во месецот. Очигледно Владата живее во друг свет каде се е розово и народот има пари за расфрлање, а граѓаните во Република Македонија остануваат во сивилото и лагите на Владата, заврши Арсовски.