Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.
Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден.