Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални во интервју рече дека неговото лекување на клиниката „Шарите“ во Берлин ќе чини околу 60 или 70 илјади евра и дека на секој што ќе помогне да се плати оваа сметка јавно ќе му биде објавено името.
Блогерот додаде дека за него тоа е огромна сума пари и дека нема 70 илјади евра да плати за лекувањето, но дека има луѓе кои се подготвени да помогнат во плаќањето на неговото лекување.
Тоа е прво видеоинтервју на Навални по инцидентот со неговото наводно труење.