Дигитална платформа и апликација за мобилни телефони за оналјн изучување на грчкиот (www.staellinika.com) лансираше Генералниот секретаријат за јавна дипломатија и за дијаспората при Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Апликацијата и платформата се наменети за деца од предшколска возраст, како и за ученици, за Грците од дијаспората, но и за сите странци кои сакаат да го изучуваат грчкиот јазик .
Часовите вклучуваат грчки јазик, историја и митологија.
Проект на грчкото МНР е во соработка со Центарот за изучување грчки јазик од Фондацијата „Ставрос Ниархос” при канадскиот Универзитетот Симон Фрасер.
Пред неколку месеци беше пуштена пилот верзија на која се регистрирани 13.000 корисници од 110 земји.