Поради зголемен број на инфекции со новиот коронавирус, властите во Франкфурт одлучија да реагираат и да воведат построги анти-епидемиски правила, вклучително и скратено работно време за барови, клубови и ресторани.
Во Франкфурт ќе биде воведен полициски час од 22 часот, а најфреквентните улици и трговски центри ќе бидат достапни само со заштитна маска.
Приватните прослави ќе бидат ограничени на 25 лица на јавни места и 10 лица на приватни собири, а консумирањето алкохол ќе биде забрането цел ден на јавни места и паркови.
„Ние ги воведуваме овие мерки затоа што е наша должност да ги заштитиме најслабите во општеството, нашите најмлади и најстари сограѓани, болни и изнемоштени лица. Благодарение на ваквите ограничувања, децата можат да продолжат да одат во градинки и училишта. Тоа е цената што треба да ја платиме за да спречиме целосно забрана за движење”, велат од локалната самоуправа.