Актерката Светлана Цеца Бојковиќ гостуваше во „Белградска хроника“ на РТС и таму го изнесе својот став за пандемијата, а нејзините зборови кренаа голема прашина на социјалните мрежи.
На прашањето од водителката како се справува со тоа што сите не снајде и дали се навикнала на новата нормалност, алудирајќи на пандемијата со коронавирус, Цеца Бојковиќ одговори:
– Се снаоѓаме како што мораме. Како прво, сакам да кажам дека терминот „нова нормалност“ е еден од 10-те поими кои во оваа ситуација во последните шест месеци крајно ме иритираат. Ве молам, што е тоа? Оние што треба да го кажат и да го прогласат не се воопшто иронични. Нормалноста е нормалност, нема нова или стара.
– Второ, кога зборуваме за тоа, тие велат: „социјална дистанца“. Што е социјална дистанца? Постои физичко растојание, социјалното растојание е нешто сосема друго. Така, некои фрази влегуваат во оптек и на тој начин се повторуваат. Мислам дека театарот е една од најзагрозените институции во моментот, бидејќи е тешко и за актерите и за гледачите во салата со мала количина на воздух – додаде актерката.
Таа се осврна и на препораките од Кризниот штаб.
– Кризниот штаб ни кажува разни контрадикторни работи, денес ова, утре тоа, а потоа и постојаната закана дека ќе има нови мерки… Аман, пуштете нè да дишеме, да дишеме и живееме. Па, кога ќе биде, ќе биде. Ако треба да умрам, ќе умрам. Толку од мене за денес – заврши таа.
Преземено од Женски магазин