Навивачките групи да не користат говор на омраза или насилство, апелира ЦИВИЛ

– Во пресрет на утрешниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Косово, ЦИВИЛ – Центар за слобода апелира до сите навивачки групи да се воздржат од ширење на говор на омраза или насилство кои, како што велат, навивачките групи ги промовираат континуирано и со години.

-ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот. Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво, се вели во соопштението.

Од ЦИВИЛ ги повикуваат надлежните институции итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно сите групи и поединци кои што шират омраза и повикуваат на насилство.

Треба да знаете
Последни објави