Чешката тенисерка Петра Квитова обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз, откако во четвртфиналето ја победи Лаура Зигемунд со 6:3,6:3. За пласман во финалето ќе игра против подобрата од американската пресмерка Софија Кенин – Даниел Колинс.
Во првиот сет имаше само еден брејк кој го направи Квитова во четвртиот гем со кој поведе со 3:1. До крајот на првиот сет немаше други шанси за брејк по што чешката тенисерка си обезбеди водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет Квитова два пати ја загуби предноста од брејк. Но, третиот брејк на сервисот на противничката која имаше проблеми со грбот, го направи во осмиот гем кога поведе со 5:3 по што во наредниот гем на свој сервис ја искористи втората меч топка.
Со пламсанот во полуфиналето, Петра Квитова го израмни својот најдобар пласман на Ролан Гарос, претходно во 2012 година во полуфиналето беше поразена од Марија Шарапова.