Премиерот на Албанија Еди Рама денеска ја прими министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, земја која ќе биде следниот претседавач на ОБСЕ.
За време на прес-конференцијата, по средбата, Рама ги откри главните теми за кои разговарале, од предизвиците на ОБСЕ, процесот на интеграција на Албанија во ЕУ, до борбата против организираниот криминал.
-Разговаравме за теми на ОБСЕ, бидејќи следното претседавање преминува во Шведска, разговаравме за решение за дијалог за Белорусија, исто така, имаме постојана дискусија за сите теми, од кои некои не се лесни. За повеќето од нив имаме заеднички погледи. Разменивме мислења и околу евроинтеграциите, процес каде што шведските пријатели даваат поддршка, за процесот, но и за билатералната соработка, за што имаме причина да бидеме благодарни, рече Рама.
Откако позитивно ги оцени проектите за соработка со Шведска, Рама рече дека „ние сме многу среќни што наскоро во Албанија ќе имаме официјално отворање на многу специјална шведска инвестиција во туризмот и се надеваме дека ова ќе важи за директно промовирање на нашата земја во Нордиските земји, но и да привлече инвестиции во Албанија “.
-Разговаравме за нов чекор во соработката, безбедноста и борбата против организираниот криминал, за подобро координирање на борбата против него. Апсолутно сме подготвени да испратиме наши офицери во Шведска, но и нивни кај нас за да се борат против овие криминални групи,нагласи Рама.
Најави дека во декември во Тирана ќе се одржи средба на Советот на министри на ОБСЕ,на која ќе присиствува и Линде,која,како што рече, ќе ја превземе штафетата на ОБСЕ.
Министерката Линде рече дека Шведска целосно ја поддржува Албанија за членство во ЕУ. Таа исто така спомена дека нејзината земја и Албанија ќе разговараат и соработуваат во однос на организираниот криминал, како еден од најголемите проблеми во Европа.
-Јас сум многу благодарна за топлото гостопримство, бев во Албанија пред една година. Контактите и разговорите се неопходни зашто има многу проблеми за решавање и ако сакаме да бидеме земја-претседавач ќе мора да ги решиме проблемите. Сметаме дека секогаш треба да ги оставаме отворени можностите кога има можности за дијалог. ОБСЕ ги поддржува напорите на претставниците или лидерите кои се обидуваат да ја запрат војната меѓу Азербејџан и Ерменија,рече Линде.
Таа му честиташе за ангажираноста на Рама, како актуелен претседавач на ОБСЕ, во овој многу тежок период со пандемијата со Ковид-19.
-Овој пат ќе го продолжиме кога ќе ја превземеме оваа позиција. Шведска целосно ја поддржува Албанија во нејзината одлука да ги отвори преговорите со ЕУ. Ние ја цениме напорната и сериозна работа што е направена во подготовките за кандидатурата и идното членство, кога ги разгледуваме извештаите во ЕУ. Албанија беше многу важна, додаде таа.
Таа му се заблагодари на Рама и за подговеноста за соработка во борбата против организираниот криминал, за што „потребна е подршка од многу земји бидејќи кримналните банди соработуваат на европска територија”.
Доцна попладне од Скопје во Тирана ќе допатува еврокомeсарот за проширување Оливер Вархеји,кој покрај другото во 19:10 часот ќе се обрати пред пратениците.