Во Прилеп се одржа Првиот меѓународен фестивал на убавината

Македонски и мајстори на занаетот од Србија, ги одмерија умешностите во фризерството и берберството на првиот меѓународен Фестивал на убавината во Прилеп, или „First open beauty hair fest Prilep 2022″ што денеска се одржа во Прилеп. Фестивалската програма во Центарот за култура „Марко цепенков” ги вклучи сите генерации, прво младите од средното фризерско и козметичко училиште „Ѓорче Петров”, па екипите во Академијата на фризери и бербери, а се одржа и презентација на фризерски, козметички препарати од светски брендови како и алати за работа.

Жарко Јованоски, фризер и бербер од Прилеп, втора генерација во семејството со овој занает смета дека Прилеп е најеснафски град. Во градот има околу 160 фризери и бербери. Занаетот има иднина ако се сака и професионално се работи.

-Овој фестивал значи многу за иднината на нашиот занает. Има едукативен карактер, па колегијалност, дружење. Идните генерации да продолжат со вакви настани. Прилеп е, мислам, најеснафски град. Има многу занаети, а најбројни сме ние, фризерите и берберите. Само во градот се околу 160 фризери и бербери. Занаетот е во нашето семејство, јас сум втора генерација и сакам син ми да ме наследи. Потребна е поддршка од државата, ја добив за време на ковидот, но поддршката за занаетите е секогаш добредојдена. Има иднина од занаетот ако се работи професионално и да се живее од тој занает, рече Јованоски.

Мајсторите од соседството се задоволни што може да разменат искуства со колегите. Тоа го смета и Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, од Србија.

-Мило ни е што сме во Македонија да претставиме некои модерни фризури. Сум учествувал на светски натрпевари и задоволство ми е што ќе ги претставам на фестивалот во Прилеп. Трендовите се речиси исти и кај нас и кај вас, ни изјави Ѓорѓевиќ.

Преку фестивалското друж ње, се разменија и искуства што се битни за развојот на занаетот, вели Крешимир Здравески, директор на меѓународниот фестивал на убавината во Прилеп.

-Сакаме фризерскиот занает да го подигнеме на повисоко ниво, да ги охрабриме младите генерации да се запишуваат во фризерските и во козметичките насоки за еден ден да имаме уште поквалитетни кадри. Воедно правиме и меѓународни соработки со асоцијациите од повеќе земји. Целта е дружење и зголемување на комплетните соработки, рече Здравески.

На првиот меѓународен фестивал на убавината во Прилеп беа претставени и светски брендови на алати за занаетот и козметички препарати.

Треба да знаете
Последни објави