Џастин Бибер и сопругата Хејли се фотографираа за сензуална насловна страница за октомвриското издание на „Вог Италија“ по повод нивната годишнина.
Пејачот (26) и манекенката (23) лежат на ненаместен кревет пред да се бакнат страсно во серија впечатливи фотографии, кои ја изложуваат нивната поврзаност и сексуалност, коментира „Дејли мејл“.
Фотографиите оддаваат почит на големата љубов помеѓу познатиот мајстор на фотографијата Хелмут Њутн и неговата сопруга Џун за што сведочи неговиот цитат на насловната страница: „Моето срце е таму каде што е сопругата“.