Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји во обраќањето во албанскиот парламент порача дека Европската комисија ќе остане блиску до земјите од Западен Балкан и ќе работи напорно земјите од регионот да бидат земји-членки на ЕУ.
-Ме ставивте во тешка позиција затоа што ми дадовте место каде што верувам дека треба да седат монарсите а јас не сум тоа. Тоа е чест. Сакам да пренесам јасна порака што ќе ја донесеме овие денови на Западен Балкан. Ние ќе застанеме покрај вас, ние сме со вас и ќе бидеме со вас, ќе работиме напорно за да ве направиме земја членка на ЕУ. Западен Балкан е приоритет на оваа комисија. Од првиот ден кога започнавме со работа, посветени сме да донесеме резултати. Иднината на целиот регион е во ЕУ и нашиот стратешки интерес е да ве приближиме, рече Вархеји.
Осврнувајќи се на извештајот за напредокот, Вархели рече дека Албанија направила клучен напредок и е блиску до исполнување на сите услови потребни пред меѓувладината конференција.
Тој ја поздрави работата на институциите кои го спроведуваат ветингот, завршните активности околу пополнувањето на празните места во Уставен суд,како и формирањето на други структури од областа на правосудството.
Според него услов за првата меѓувладина конференција се зборните реформи,за кои треба да работат сите.
-Изборните реформи се услов за првата меѓувладина конференција. Продолжувањето на овие реформи од страна на Албанија ќе биде важно за рамката на преговорите. Институциите треба да работат едни со други. Албанија помина низ тежок период, земјотресот и кризата со Ковид-19.Ние бевме до вас и ќе продолжиме така. Ние сме во тој клучен момент, во моментот кога Албанија е поблиску од кога било до сега до ЕУ. Вашиот придонес е клучен и одлучувачки за иднината, дозволете ни да го направиме следниот чекор за иднината на Албанија, рече еврокомесарот Вархејли.
Посетата еврокомесарот ја почна со обраќањето пред пратениците, иако претходно тоа беше најавено за 19:10 часот,по што планирани се средби со албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама,лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша,како и стрктурите за спроведување на ветингот.