Ако не се ангажираат сите и власта и опозицијата и докторите да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките бројките на заразени со ковид-19 ќе растат вртоглаво па можно е тие да достигнат и по 1.000 заразени дневно, изјави доктор Никола Пановски за Канал 5 .
– Рекордот ќе трае кратко, ќе биде многу брзо соборен. Ова се бројки од петок сабота. По нив ќе дојдат нови од сабота, недела, па потоа нови случаи и тоа ќе се шири. Но ова е сериозен проблем. Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски. Треба да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите и светските лидери да ги вразумат граѓаноите да ги почитуваат мерките. Ова ако продолжи натаму ќе биде смешна бројка, изјави Пановски за Канал 5.
Тој вели дека треба да се преземат поригорозни мерки, како што тоа го прават другите земји.
-Во некои земји се забранува одење по гости, да се намали собирањето во затворен простор, рече Пановски.