Интер му го зададе првиот удар на Наполи

Големото дерби во 16. коло од италијанската фудбалска Серија А меѓу Интер и Наполи заврши со победа за тимот од Милано (1:1). Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во тимот на Наполи доби прилика да настапи од клупата за резерви во последните 15 минути до мечот, кој домаќинот Интер го доби со погодокот на Един Џеко во 56 минута.

Интер беше подобар противник во поголемиот дел од натпреаврот, создаде многу шанси, а реализира една, која му беше доволна да му го нанесе првиот пораз во Серија А сезонава на лидерот Наполи. Во 56. минута по убав центаршут на Димарко, босансксот интернационалец Џеко ја буквално ја заби топката со глава во мрежата на Наполи за три бода.

Наполи со 41 бод останува лидер во Серија А, има пет бода повеќе пред Милан, седум од Јувентус и осум од Интер.

Во ист термин се одигра мечот меѓу Удинезе и Емполи кој заврши нерешено 1-1. Несторовски во игра влезе во 84. минута.

Треба да знаете
Последни објави