Вархеји денеска е во посета на Приштина

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување Оливер Вархеји, во посетата на регионот денеска ќе пристигне во Приштина и ќе се состане со највисоките косовски официјални претставници. Косовската влада, како и со опозициските лидери. Се очекува, по средбата со претседателката на косовскиот парламент, Вјоса Османи, комесарот да им се обрати на пратениците на Собранието на Косово.

Еврокомесарот Оливер Вархеји за време на вчерашната посета на Скопје порача дека се исполнети сите услови за почетокот на преговорите на Северна Макеоднија со ЕУ. Притоа тој изрази надеж дека ќе се изнајде решение и за отворените прашања со Бугарија со цел работите да се придвижат напред.

Треба да знаете
Последни објави